Кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова на централниот митинг во нејзината кампања во Скопје им порача на мажите дека сега им е шансата да покажат дека поддржуват успешни жени.
- Македонија има прекрасно име, во женски род е, и не и треба придавка. А, пред народот стои токму жена, зошто на Македонија и треба жена. На татковината и треба жена, истакна Сиљановска.
Таа ги критикуваше актуелните политики на власта велејќи дека поимот скандал стана секојдневие во нивното практицирање на власта.
- Каква е сликата две ипол години по придавката реформска влада со фамилијарни вработувања веќе не знаеме што значи скандал во оваа скандалозна балканска земја. Нема поделба на власта, кај што нема поделба на власта нема демократија. Парламентот е во рацете на 81 пратеник но тие не се пратеници тие само креваат раце, тие само ги потврдуваат веќе донесените одлуки во владината зграда. А, токму во таа зграда власта не е распоредена на 26-мина, некои дури не доаѓаат на работа и немаат проблем со тоа, нагласи Сиљановска Давкова, додаде Сиљановска.
Сиљановска Давкова потсети дека власта организира неуставен и незаконски референдум за да донесат неуставен и незаконски закон за амнестија, за да го сменат кривичниот законик во потрага по гласови за промена на името.
Народот сето тоа го виде, народот тоа не го одобрува. И затоа стојам овде пред вас, затоа се одлучив она што го предавам со децении, она што го пишувам, она што го презентирам да се обидам да го спроведам, зошто на Македонија и се потребни радикални демократски реформи за да не остане закопана во транзицијата и да не направи ниту еден чекор кон демократската консолидација, рече Сиљановска Давкова.