Кандидатот за претседател професорот Блерим Река во изјава за телевизиско интервју истакна дека доколку ја добие довербата од граѓаните тој нема намера да се пресели во Претседателската вила на Водно, туку ќе остане да живее во скопската населба Бутел, каде што е роден и израснат.
- Ако победам на изборите, немам намера сопругата, трите деца, нивните партнери и четирите внучиња да ги преселам во претседателската вила на Водно. Скопската населба Бутел ќе остане мојата адреса на живеење, бидејќи 59 години живеам тука, тука сум роден и тука израснав, истакна професорот Блерим Река.
*Платено политичко рекламирање