Кандидатот за градоначалник на Охрид од партијата Демократи, Стевчо Стевовски, по втор пат влегува во трката за градоначалничката функција. За разлика од минатите избори, овој пат зад него стои партија.
Новата локална самоуправа ќе биде целосно посветена на решавање на проблемите и потребите на граѓаните, како и на приватниот сектор. Еднаква за сите, вели Стевоски.
Тој додава и дека како градоначалник на Охрид ќе воведе локална полиција со 24 часовно работно време.
- Со превземањето на функцијата Градоначалник на град Охрид, една од приоритетните цели ќе биде оформување на општинска локална полиција со овластувања, 24 часа работно време, а со цел примена на надлежностите од Комуналната инспекција, сообраќајната, градежната и туристичка инспекција со што ќе се воведе ред во општината Охрид, вели Стевоски.
*Платено политичко рекламирање