- Гледајќи ве овде во олкав број јас ветувам дека пред Собранието ќе се обраќам ако треба 12 или повеќе пати годишно адресирајќи ги вашите проблеми. Проблемите на здравството, на лицата со посебни потреби, на најфрагилната ромска заедница, на децата зошто сега е трендот да се штитат детските права, на земјоделците, на сите ранливи категории. Се надевам дека ќе допре гласот до нив и дека не само законски туку и вистински ќе посегнат по промени. Но се разбира ако не го сторат тоа во следните месеци се знае кој ќе го направи. А, тоа е ВМРО-ДПМНЕ кој има план, програма како да се излезе од кризата во која Македонија е потоната поради оваа власт, потенцираше кандидатот за Претседател Гордана Сиљановска Давкова на централниот митинг во Скопје.

Сиљановска Давкова на крајот од митингот рече дека правото и правдата ќе завладее во Република Македонија и конечно ќе се стави крај на оваа криза и црнило кое владее во државата поради оваа власт.