Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот централен митинг кој се оддржа пред Владата на Република Македонија за промоција на кандидатот за Претседател Гордана Силјановска Давкова истакна дека пред него нема стока туку граѓани на Македонија кои ќе ги испратат Заев и Пендаровски во политичка пензија.

- И овде пред мене, јас не гледам “сурати” како што бу кажал еден човек којшто сака има втора желба да биде претседател. А со него се слагаат овие внатре, скриени во овие згради овде кои сега се со начулени уши, туку да чујат, убаво да чујат, дека овде и насекаде во Македонија каде што бев и допрва ќе одиме има горд и убав народ, убави лица кои ја носат ведрината која е потребна на нашата земја, кои знаат дека за Македонија оди напред потребна е казна за сите неправди, за сите грешни политики, и кога прашањето е Македонија, одговорот е народот, народот на оваа земја се вика македонски народ којшто си ја сака Македонија, истакна Мицкоски.

Тој додаде и дека Скопје секогаш на пролет мириса на липи, но оваа пролет има и еден друг мирис, многу интензивен, многу продорен, мириса на победа над Заевизмот во Република Македонија.

- А ќе победиме добри луѓе само заедно, еден до друг, обединети, во коалиција со народот. Не она коалиција во скап луксузен хотел, најголемата коалиција во независна Македонија. Ова е најголемата коалиција, коалицијата со наордот којшто ќе победи на 21 Април, а потоа и на 5 Мај. Ова е најголемата коалиција, додаде Мицкоски.