Кандидатот за Претседател Блерим Река кој е поддржан од Алијансата за Албанците и движењето БЕСА, во неговото обраќање во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар ги критикуваше активностите на владината коалиција за евроинтеграциите. Тој напомена дека тие немаат доволно капацитет да се справат со предизвикот и препораките кои биле дадени од Брисел. Реформите во судството, законот за јавното обвинителство, деполитизарање на администрацијата и елминирање на непотизмот се дел од тие препораки.
Река додаде и дека конечно е дојдено времето Албанец да застане на чело на државата:
- Не убедуваа во комунизмот и сега сé уште не убедуваат дека тоа не може, но сега дојде времето претседател на државата да биде Албанец и тоа треба да го поддржите на претстојните избори. истакна кандидатот за претседател Блерим Река барајќи го гласот на гостиварци.
Тој додаде и дека партиите на власт незнаат, немаат волја ниту капацитет на Македонија да и обезбедат датум за преговори со Европската Унија,
– Дури и да добиеме датум за преговори, партиите на власт и институциите немаат ниту волја, а ни капацитет да ги исполнат условите кои ни беа поставени во Брисел. Тоа ние го зборувавме, а сега и самите партии кои се на власт тоа го признаваат деновиве, рече Река.
Членството во НАТО, според Река, е завршена работа и тој смета дека процесот конечно ќе заврши идната година, но треба да се води сметка и за потребите на народот.
– Ние сакаме да ја спречиме тенденцијата на иселување на младите од земјава. Што ќе ни се концепти за ЕУ и НАТО кога ќе завршиме со петстотини илајди жители помалку, потенцира Река.
*Платено политичко рекламирање