Претседателскиот кандидат Блерим Река од Гостиварчани ја побара поддршката да стане првиот Претседател на Македонија кој доаѓа од немнозинските етнички заедници. На митингот и на средбите со граѓаните, професорот Река беше придружуван од лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.
Според лидерите на БЕСА и Алијансата за Албанците, Блерим Река е најсоодветниот модел за Европска Република.
- Ако сакаме да живееме во Европска Република, изборот на Блерим Река е вистинскиот. Неговиот концепт ќе не однесе во Европската Унија. Затоа ги повикувам Албанците масовно да го поддржат професорот Река а на Албанците им порачувам да не го трошат својот глас за оние кои ни малку не се грижат за нашите интереси, истакна Билал Касами.
*Платено политичко рекламирање