Пред граѓаните на Ново Село, вечерва кандидатот за Претседател Стево Пендаровски и кандидатот за Градоначалник на оваа општина ја претставија својата изборна програма. На трибината во Ново Село присуствуваше и Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев кој рече дека е среќен што дава поддршка на двајца добри и чесни луѓе кои се нафатиле да водат и повика на максимална сериозност и масовна излезност, за да продолжат позитивните промени во државата.
-Овде ќе се слави победа на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски и на новиот градоначалник на Ново Село, Никола Андонов. Еве ќе бидеме членка на НАТО до крајот на годината, а ќе отпочнат и преговорите со ЕУ. Стево ќе го поддржи овој пат, а Ново Село треба да избере и градоначалник што го заслужува. Ветив и ќе држиме лекции по економија што граѓаните ќе ги почувствуваат дома и на животниот стандард, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибината со жителите на Ново Село.