Претседателскиот кандидат, професорот Блерим Река, ја претстави својата кандидатура пред граѓаните на Гостивар. Со кандидатот за Претседател беа и лидерите на Алијансата за Албанците, Зијадин Села и движењето Беса, Билал Касами кои му ја дадоа својата поддршка како единствен кандидат од албанската етничка заедница.
Пред сопартијците и симпатизерите на професорот Река се обрати и лидерот Зијадин Села кој ги критикуваше политиките на ДУИ кои, според него, не ги застапуваат интересите на Албанците во Македонија.
– Блерим Река е најподготвениот кандидат за претседател и ја ужива довербата на сите заедници, затоа да излеземе на 21 април и со вашиот глас да ја валоризиме победата, рече Села.
*Платено политичко рекламирање