Охрид ќе биде модерен туристички центар во Македонија и во светски рамки, белата чума ќе запре, а посетителите, гостите и туристите ќе го сакаат како свој втор роден град. Безбедноста ќе биде подобрена на високо ниво, мирот, тишината и спокојот ќе биде регулирана со контролирана бучава од угостителските објекти, пристоен јавен и такси превоз, зголемена туристичка понуда и најважното за приватниот сектор што ќе добие директна поддршка од општината за зголемен број на вработувања, ветува кандидатот за Градоначалник на Охрид, Стевче Стевоски.
Стевче Стевоски е роден во 1967 година во охридското село Елшани, каде и сега живее со своето семејство. Дипломиран криминалист, завршил на Факултетот за безбедност во Скопје, на отсекот Борба против организиран криминал. Над 25 години работи во Секторот за внатрешни работи Охрид. Оженет е, татко на две деца.
*Платено политичко рекламирање