Кандидатката за претседател на Република Македонија, Професорката Гордана Силјановска Давкова, преку својот официјален фејсбук профил се обрати до Македонците во дијаспората.

„Македонската дијаспора е наш нераскинлив дел.

Неопходно е да развиеме посебен однос со македонската дијаспора. Тоа се луѓе кои си отишле од Македонија, не затоа што сакале, туку затоа што морале. Голем дел од нив сакаат во некоја фаза од животот да се вратат во Македонија и да започнат свој бизнис тука.

Свесна дека огромен дел од нашиот БДП се токму донации од нашинците во странство, ќе иницирам активна соработка со македонската дијаспора со цел пронаоѓање на модел и посебни услови со кои ќе се овозможат нивни инвестиции, пренос на знаење и вештини во Македонија.

Клучните приоритети ќе бидат:

• Поддршка на годишната меѓународна конференција за улогата на дијаспората во развојот на Македонија

• Заедно со МНР и МОН ќе се залагам за обнова на училиштата по македонски јазик

• Ќе предложам создавање на Национален Совет за соработка со дијаспората кој ќе работи на продлабочување на врските со дијаспората во потрага по најдобри решенија за нејзино зголемено вклучување во стратешкиот развој на Македонија“ - истакна Силјановска Давкова.

*Платено политичко рекламирање