Во телевизиската дебата помеѓу кандидатите за претседатели на Телевизија Сител во емисијата Сител, професорката Гордана Силјановска Давкова истакна дека Преспанскиот договор треба да се гледа од правен и политички аспект.
Според неа, инсуинациите од противкандидатот Стево Пендаровски дека сака да го блокира евроатлантскиот пат на Македонија се бесмислени и во насока на т.н. „лажни вести“
-Не го блокирам патот на Македонија кон НАТО, туку кажувам правно прашањето е отворено, а политички затворено. А, си измислувате формулации што никогаш не сум ги кажала. Повторувам јас го почитувам чинот дека е договорот склучен но останува правната дилема и таа кога тогаш може да се разреши на правен начин, истакна Силјановска Давкова.