-Јас никогаш не сум кокетирала. Секогаш сум била за граѓански концепт. Луѓето ги разбирам како индивидуи кои треба да бидат еднакви пред Уставот и пред законите. Не почитувам поданичка политичка култура. Значи постојано велам сите ќе ги вклучам околу мене врз основа на стручност и компетентност прво, а потоа врз основа на принципот на правична застапеност, истакна кандидатот за Претседател Гордана Силјановска Давкова во реплика на нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски на обвинувањата дека таа не ги споменува Албанците и другите етнички во нејзините настапи во кампањата.

Силјановска посочи дека за разлика од Пендаровски никогаш не ги навредила Албанците и секогаш се обраќала со почит кон сите граѓани на Република Македонија.

-Јас не сум говорела за членовите на ДУИ и Албанците како чираци во криминалот. Јас никогаш не сум употребила таков израз. Меѓутоа да одговорам, нема собир кој не сум го почнала со граѓани, граѓанки, Македонци, Албанци и сите останати, потенцираше професорката.