Не верувам дека ВМРО-ДПМНЕ е реформирана кога се уште нејзин почесен претседател е Никола Груевски, и рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски на Гордана Силјановска – Давкова во денешната дебата за „Детектор“ на ТВ „Сител“.

-Ме чуди околу реформскиот капацитет, што велите, на сегашното ВМРО-ДПМНЕ, кое се уште го има за почесен претседател Никола Груевски, забележа Пендаровски откако претходно неговата противкандидатка Силјановска истакна дека верува во новото раководство на опозициската партија.