- Не треба само декларативно да се залагаме за нашите највисоки приоритети а тоа се ЕУ и НАТО. Неможеме да бидеме земја членка на Европската ако од дома неможеме да ги направиме реформите кои Брисел ги бара од нас, истакна кандидатот за Претседател Блерим Река на телевизиската дебата на во емисијата „Детектор“ на Телевизија Сител.

Професорот Река додаде и дека земјата неможе да се развива економски кога во неа нема ни „П“ од правда.

- Ние нема да можеме да ги убедиме странските инвеститори ако ние досега немаме ама баш ниедна судска правосилна пресуда испорачана за мега-коруптивните скандали во последните години. Како може ние да ги убедуваме странските инвеститори со условни судски одлуки за корупција, со домашни притвори и слично. Да заклучам, во оваа држава може полицаецот да биде казнет за 20 евра мито но неможе да бидат казнети тие што преку тендери и јавни набавки земаат милиони евра народни пари, истакна Блерим Река.

*Платено политичко рекламирање