- Вие имате докторат од областа на правото. Со закон за амнестија кој не важи „erga omnes“ за сите ми дава за право да помислам дека Вие не го познавате Законот за амнестија. Таква правна квалификација треба да се однесува на сите учесници во еден настан или сите учесници во еден судски предмет. Во нашиот случај фалеше уште слики да имаат нацртано на луѓето кои треба да бидат амнестирани, истакна кандидатот за Претседател Гордана Силјановска Давкова во телевизискиот дуел на Телевизија Сител.
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски пак посочи дека емисијата на Телевизија Сител не е правничка дебата туку политичка, на што Силјановска реплицираше дека во ниту еден момент не смее да се заборави на Законите и Уставот.
- Законот за амнестија од целата правна фела беше искритикуван од причина што на начинот на кој што се спроведуваше со поднесување на барања не е познат во правната историја. Ова да ми дава сомнеж да се сомневам во регуларноста на дипломата на мојот противкандидат кој веројатно ја стекнал благодарение на напредокот во безбедносните структури, истакна Силјановска.