Кандидатот за Претседател на Македонија, професорот Блерим Река во телевизиската дебата во емисијата Сител истакна дека целосно се сложува со перцепцијата на граѓаните искажана преку анкетата во која голем број на граѓани сметаат дека во Македонија нема фер и правично судење и дека законот важи за сите.
- Потполно се сложувам со граѓаните. Неможеме да имаме доверба во судството со условни пресуди и домашни притвори за мега скандалите на кои бевме сведоци. Како да очекуваме дека граѓаните ќе веруваат дека имаме неселективна правда и неселективно судство, истакна Река
Тој во дебатата со против кандидатот Стево Пендаровски го праша и каде се судските разрешници за 22.000 прислушувани граѓани.
- Стево, извини што ти упаѓам, но каде се судските одлуки за бомбите и за граѓаните кои биле прислушувани? Зошто еден не е во затвор за тие нелегални работи? Ние имавме случај за изборни нерегуларности и никој за тоа не понесе вина. Немојте да велите дека судстовото се реформира, реплицираше Река.
*Платено политичко рекламирање