Во телевизиската дебата на Сител Телевизија, кандидатот за Претседател Стево Пендаровски истакна дека секој кој ја навредил неговата против кандидатка Силјановска во оваа изборна кампања ќе биде исклучен од неговиот тим, како реплика на Силјановска дека таа била предмет на напад и омаловажување од блиски луѓе на Пендаровски и негови јавни поддржувачи.
- Бев шокиран од содржината на спотот против мене. Но да бидам дециден, во мојот штаб, луѓето кои се до мене ако ја омаловажиле мојата противкандидатка веднаш ќе ги избркам. Во истиот момент бидејќи несакам такви луѓе околу мене, истакна Пендаровски.
Претходно тој се дистанцираше од навредите кои Ѓорѓи Спасов ги упатил за Силјановска а за кои Силјановска го обвини Пендаровски дека произлегуваат од партиските кујни на СДСМ.
-