Анкетите за потребите на емисијата Детектор во која дебатираа претседателските кандидати покажале дека граѓаните во голема мера немаат доверба во политичкиот систем во земјата и не веруваат во регуларноста на изборите.

Во таа насока кандидатот за Претседател Блерим Река истакна дека граѓаните имаат недоверба во политичкиот систем и не им веруваат на изборите бидејќи имаме неимплементирани препораки на ОБСЕ-ОДИХР и немаме ажуриран избирачки список.

-Зошто актуелните власти, Владата и Министерството за правда, не ги спроведуваат клучните препораки од 2016 од ОБСЕ -ОДИХР. Не е ажуриран избирачкиот список и во него стои дека има милион и осумстотини илјади гласачи, а знаеме дека до 2017-та година иселени се минимум 250.000 граѓани. И ние на денот на гласање ќе имаме милион и петстотини и педесет илјади гласачи. Ова е простор за манипулација со тие 250.000 гласачи. Тоа е терен за полнење кутии, за таканаречениот бугарски воз. Ќе се манипулира со тие фантоми или 250 илјади гласачи кои не се тука во Македонија, истакна Река.

*Платено политичко рекламирање