На прашањето упатено од Вицепремиерот Бујар Османи до кандидатот за Претседател Блерим Река на телевизиската дебата што тој мисли за концептот на консензуален кандидат, професорот Река истакна дека консензуланоста има сосема друга дефиниција и дека воопшто Пендаровски не е консензуален кандидат. Тој дополни и дека очекувал прашање од лидерот на ДУИ а не од нивниот портпарол.

- Концептот кој го промовираат на овие претседателски избори со заедничкиот кандидат Стево Пендаровски, не е воопшто консензуален концепт туку е меѓупартиски договор. Консензуалноста е поширок поим и инклузивен процес во кој сите граѓани, преку различни начини, ќе бидат застапени. Во овој случај имаме консензуалност на политички партии кои застанале позади одреден кандидат но во ниту еден случај тоа не значи дека го отсликува целото општество во Македонија, му одговори Река на Османи.

*Платено политичко рекламирање