Кандидатот за градоначалник на општина Охрид Стевче Стевоски пред граѓаните вети дека со сите сили ќе се бори против неконтролираното градење во Охрид.

- Сите сме сведоци дека урбаната мафија во Охрид го контролира и раководи градот. Тоа мора веднаш да запре за доброто на градот и Македонија. Преземањето на долгот од Владата без обврска истиот да се врати во буџетот на државата, значи само субвенција доделена на криминалци кои тој толг го направија пред се со несовесно работење во службата, како и во спрега со поединци со што одредени износи се фингирани. Мора да има одговорност за секој, ветува кандидатот Стевоски поддржан од партијата Демократи.

*Платено политичко рекламирање