На претседателската дебата организирана од страна на иницијативата 02, кандидатот за Претседател професорот Блерим Река истакна дека е свесен дека загадувањето е толку алармантно што веќе преминува во безбедносна закана за нашата земја.

- Во светот денеска се повеќе исчезнуваат конвенцијалните методи на безбедносни закани и се појавуваат нови. Како најголеми закани по безбедноста во денешното, модерно време се лажните вести и загадувањето на воздухот. Јас како претседател планирам во мојот мандат да составам тим од експерти кои ќе изготвуваат годишна програма со детални мерки како и извештај од епилогот од тие мерки, истакна Река.

Тој додаде и дека во денешно време светско подземје се повеќе се ориентира кон бизнисот со отпад, од причина што тој е доста профитабилен но од друга страна носи тешки последици по здравјето на граѓаните.

*Платено политичко рекламирање