На вечерашниот митинг на кандидатот за Претседател, професорот Блерим Река присуствуваа и лидерите на Алијансата за Албанците Зијадин Села и лидерот на Движење БЕСА Билал Касами, кои му ја дадоа својата поддршка на претседателскиот кандидат Река.

Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села упати критики до СДСМ и ДУИ зашто, според него, Албанците во оваа коалиција не се добро претставени.

-Имаме должност да ја тргнеме вашата маска и тоа што 18 години манипулирате со Албанците. Ние некогаш нема да поддржиме некој кој не е како нас и не е Албанец, нагласи Села.

*Платено политичко рекламирање