Кандидатот за претседател Блерим Река имаше митинг и средби со граѓани во Желино. Заедно со него беа и лидерите на Алијансата за Албанците Зијадин Села и лидерот на БЕСА Билал Касами.
Пред жителите на Желино зборуваше и претседателот на БЕСА, Билал Касами. Рече дека ДУИ не треба да прават ваков консензус зашто „кога правиш нешто, прво зборуваш со браќата, а не со соседите“.
-Пендаровски знае дека нема да го има чистиот глас на Албанците. ДУИ во 2014 година не го поддржа зашто беше опозиција, а сега му дава поддршка зашто е дел од власта, истакна Касами.
*Платено политичко рекламирање