Претседателскиот кандидат поддржан од ДУИ и СДСМ Стево Пендаровски на дебатата во Сител јавно вети дека ако некој во неговиот тим ја навредувал професорката Гордана Силјановска веднаш ќе го избрка од кампањата.

- Бев шокиран од содржината на спотот против мене. Но да бидам дециден, во мојот штаб, луѓето кои се до мене ако ја омаловажиле мојата противкандидатка веднаш ќе ги избркам. Во истиот момент бидејќи несакам такви луѓе околу мене, истакна Пендаровски.

На социјалните мрежи и на интернет порталите се појави принт скрин од фејсбук коментар на Директорот на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски – Чомбе во кој што тој вели дека Гордана Силјановска Давкова треба да “оди во Бардовци”.

Очигледно е дека станува збор за навреда кон противкандидатката на Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, а токму Директорот Галетановски е дел од тимот на Пендаровски задолжен за градскиот изборен штаб,