Последната недела пред гласањето во првиот круг за Претседател на Македонија, кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Движењето БЕСА, професорот Блерим Река денес ја продолжува со митинзи и средби со граѓани.
Како што соопштија од штабот на „Река за Републиката“ претседателскиот кандидат ќе оддржи митинг во Домот на Културата во Битола а потоа ќе продолжи на митинг и средби со граѓани во селото Црнилиште во Општина Долнени. Покрај Река, на митинзите ќе се обратат и Зијадин Села и Билал Касами.
Вчера, пред жителите на Тетовско Желино, професорот Река укажа дека со неговиот нов концепт ќе ги корегира досегашните политики на власта.
-За да биде држава, треба да има владеење на правото. Немаме друга опција, освен ЕУ и НАТО, а корупцијата и невработеноста мора да запрат. Треба да се знае и дека ние не сме статистички народ, туку ние сме Албанци, рече Река.
*Платено политичко рекламирање