Граѓаните се слободни, суверени, гласањето е тајно и важно е да има цензус, рече пред битолчани претседателскиот кандидат Блерим Река и повика на 21 април масовно да се гласа и избира.

Оптимист сум, рече Река, кај мене владее позитивна енергија, а тоа значи дека на претстојните избори ќе обезбедиме цензус, без разлика на тоа кој ќе победи.

– Важно е да победи државата за да добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Важно е масовно излегување на граѓаните на гласање, без разлика за кого ќе гласаат. Битола е еден од најубавите македонски градови, град на конзулите, град на Манаки, град на културата и затоа сакав да им се обратам на битолчани. Пријатно сум изненаден од интересот и ентузијазмот на Битолчани за мојата кандидатура и благодарам за гостопримството и убавите зборови, истакна професорот Блерим Река.

Поддршка за Река побараа и лидерите на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и претседателот на партијата Движење Беса, Билал Касами.

*Платено политичко рекламирање