Блерим Река, кандидатот за Претседател поддржан од албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и Движењето БЕСА ја претстави својата програма пред Битолчани. На средбите со граѓаните беа присутни и лидерите на БЕСА и АА, Зијадин Села и Билал Касами.

Според Билал Касами, претседател на партијата Движење Беса, македонското општество може и треба да го почувствува моментот за избор на најкомпетентен претседателски кандидат, а тоа е Блерим Река.

– Се надеваме дека во време кога државата ќе стане 30-та членка на НАТО, и во време кога ќе се отворат преговорите за членство во ЕУ, ќе имаме претседател кој најдобро ќе не претставува во овие важни институции. Професорот Блерим Река е најкомпетентен да биде на чело на државата во овие важни моменти за продолжување на нашиот пат кон овие институции. Веруваме дека македонското општество го чувствува моментот да гласа за претседател, како прво и најдобро решение со што заеднички ќе докажеме дека сме подготвени да бидеме дел од ЕУ и дел од вредностите кои меѓусебе ги споделуваат државите и народите од Европа, истакна Касами.

Претседателскиот кандидат Блерим Река, освен во градот, одржа непосредни средби со граѓаните и во неколку битолски села.

*Платено политичко рекламирање