Претседателскиот кандидат Проф. Блерим Река, ја продолжи кампањата во Битола, Црнилиште и Житоше, каде пред присутните граѓани ја презентираше својата изборна програма.
Во текот на средбите со граѓаните, кандидатот Блерим Река потенцираше дека првиот впечаток од Битола му е чувство на празнина бидејќи Битолчани масовно се иселуваат трагајќи по подобар живот.
- Овој град на азбуката, на браќата Манаки е жално што останува без жители. И македонци и Албанци. Македонија нема институционален капацитет да ја води државата напред. Оваа држава нема да оди напред ако сеуште олигархијата стои зад политиката. Многу ни е драго што конечно и владата ја призна мојата точна прогноза, дека тешко може да добиеме датум за почеток на преговори. И затоа како претседател, со моето искуство, знаење и професионалност ќе и помогнам на нашата држава да напредува и да не ги повтори грешките од минатото. На Македонија и треба реформа во сите сфери на општество за да не остане празна држава, истакна професорот Блерим Река.
*Платено политичко рекламирање