Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на својот фејсбук профил изрази жалење до францускиот народ за загубата која ја имаат по пожарот во црквата Нотр Дам.
- Во Париз гори едно од најголемите цивилизациски обележја на Француската држава, црквата Нотр Дам, на која и се заканува целосно уништување. Изразувам длабоко жалење до Францускиот народ за загубата, бидејќи она што го оставила историјата, го уништила сегашноста, иднината никогаш не ќе може да го надомести, напиша Пендаровски.