Кандидатот за претседател, професорот Блерим Река кој е поддржан од Алијансата за Албанците и Движењето БЕСА во текот на вчерашниот ден својата изборна програма ја презентираше пред граѓаните на Битола.

Тој од Градот на конзулите истакна дека за него е поразително што градот енормно се празни и младите одат во странство во потрага по подобар живот поради лошите политикикои се спроведуваат во Македонија.

- Мојот концепт е една Република за сите со Законот над сите. Ние можеме да експериментираме со секакви формули на владеење, но ако навистина не успееме да воспоставиме владеење на правото, тогаш се ќе биде погубно за државата. Ние немаме време да изгубиме уште 10, 20 години, бидејќи гледам во сите градови и села низ државата, сите се жалат на иселувањето, на големиот егзодус на младите, но и на цели фамилии, а тоа го има и во Битола, ми рекоа битолчани на Широк Сокак. Мислам дека со политички, државни реформи може да се направи за младите и Македонија да ја биде, истакна Река.

Денес, на својот фејсбук профил објави видео од неговата посета во Битола.

*Платено политичко рекламирање