Кандидатот за градоначалник на општина Охрид, поддржан од партијата Демократи, Стевче Стевоски вели дека за проблемот со кучињата скитници има решение и тоа ќе биде во согласност со сите светски и европски искуства.
- Кучињата се проблем на сите поголеми урбани заедници. Сепак, според мене, мора да покажеме и хуманост кон животните. Во разговорите со познавачи на оваа проблематика и решенијата на проблемот, имаме намера да ги следиме европските и светските искуства за овој урбан проблем. Недвојбено е дека кучињата кои се заболени и опасни по безбедноста на граѓаните ќе бидат отстранети од градските улици и сместени во стационари, ветува Стевоски.
*Платено политичко рекламирање