Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Аеродром.
Сиљановска Давкова истакна дека владата на СДСМ и Заев наликува како авион без пилот бидејќи се што направија во изминатите две и пол години е на штета на граѓаните, потенцирајќи дека мнозинството пратеници го узурпирале парламентот и гласале по нарачка натпреварувајќи се кој попрв ќе гласа.
Да го опишам општествениот авион во кој нема пилот. Прво демократијата одамна живее во Македонија. Демократијата ја персонифицираат пратениците во парламентот, меѓутоа тие одамна не се наши претставници туку се претставници односно послушници на партиите на власт. Гласаат по порачка, гласаат на копче, се натпреваруваат во брзината на гласањето и згора не сум чула за собрание без опозиција. Собранието треба да биде најпрестижната школа на демократија, во која низ дијалог, со аргументи, со различни ставови, ама тоа се ставовите на граѓаните се трага по консензус по важните решенија. Не со тиранија на мнозинството, не со купопродажба на гласови, не со кршење на Уставот и законите зошто не сме ги овластиле за тоа , не сами со себе не така како што ќе им каже лидерот на партијата на власт, зошто тоа не е собрание, тоа не е школа на демократија, тоа е узурпиран народен простор, вели Сиљановска Давкова.