Хари Бајрактари, бизнисмен во Америка со потекло од Албанија ја даде својата поддршка за кандидатот за претседател на Македонија, професорот Блерим Река.

На поддршката се приклучи и политичарот од Демократската партија на Америка, Марк Ѓонај кој исто така верува дека професорот Река е вистинскиот избор за претседател на Македонија.

- Со изборот на Блерим Река, Северна Македонија ќе има огромна шанса и можност за зајакнување на односите со Соединетите Американски Држави. Ние ќе направи се, вратите во Вашингтон да бидат секогаш отворени за Блерим Река како иден претседател на Северна Македонија, истакнаа Бајрактари и Ѓонај.

Хари Бајрактари е бизнисмен во Америка кој се занимава со недвижности додека Ѓонај е претставник на Демократската партија во Градскиот Совет на Њујорк. Тој воедно е и првиот американец со албанско потекло дел од градската управа на Њујорк.

*Платено политичко рекламирање