Кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова денес се обрати пред жителите на Општина Аеродром. Според нејзе неопходна е поделба на власта во Република Македонија, бидејќи само така може да има демократија и само на тој начин може да се почитува човековите права и слободи.
Без поделба на власта на законодавна извршна и судска не може да постои демократија. Трите власти мора да се ограничуваат меѓу себе со спреги и кочници за ниту една да не се издигне. Зошто ако се издигне една на другите, тогаш жртви ќе бидеме ние граѓаните односно нашите човекови слободи и права. За жал ако нема собрание, ако претседателот е заборавен дури и во функции што се најпретседателски како онаа да склучува меѓународни договори во името на Република Македонија, не на безимената држава како во Преспанскиот договор тогаш каде е власта, рече Сиљановска Давкова.
Сиљановска посочи дека она што го ветила пред граѓаните ќе го исполни и дек ќе стори се за да го подобри животот во Македонија, односно како што кажа на Македонија и е потребна жена за претседател бидејќи татковина без мајка нема.
Јас ви ветувам како претседателка како жена како некоја која го дели родот со Македонија и татковина, оти татковина без мајка нема, дека ќе ги инспирирам жените најпрво на државата да и ја понудат својата енергија, знаење, својата креација, својата убавина за да направиме од Македонија нешто поинакво, додаде Сиљановска Давкова.
На крај од граѓаните побара на 21 април и 5 мај помасовна поддршка од нив и застанување рамо до рамо со нејзе и со партијата која ја поддржа за конечно во Македонија да се врати правото и правдата и со нејзината победа на претседателските избори да започне и крајот на оваа влада која не први ништо позитивно и добро за граѓаните на Република Македонија.
*Платено политичко рекламирање