Во рамки на фер и демократската изборна кампања кандидатот за претседател, професорот Блерим Река ги покани на кафе противкандидатите Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски во неговиот изборен штаб.
- Во самата завршница на претседателска кампања, штабот на професорот Река почна со иницијатива да ги покани противкандидатите на кафе во изборнио штаб. На предизборно кафе денес беше кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Професорката Гордана Силјановска Давкова. Очекуваме овие денови штабот да го посети и кандидатот на СДСМ, Професор Стево Пендаровски. а се со цел да покажаме желба и иницијатива до крај за фер и демократска кампања, стои во фејсбук објавата на професорот Река.
*Платено политичко рекламирање