Советот на Град Скопје на денешната седница ќе расправа за повеќе предлог-одлуки и програми за работата градската управа и јавни претпријатија и установи.

Советниците треба да разгледаат Предлог- одлуки за донесување Регулациски планови на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт: С 12, СИ 07 и СИ 12. Регулацискиот план на Генералниот урбанистички план може да се донесе за плански опфат за кој е донесен ГУП во кој се утврдени границите на четвртта да претставуваат граници на детално планирање. Регулацискиот план за четврт С 12 се наоѓа во општина Бутел, a Регулациските планови за четврт СИ 07 и СИ 12 се наоѓаат во општина Гази Баба.

На денешната седница ќе се расправа и за Предлог- одлуката за давање согласност на Годишниот извештај за работата на ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје за 2018 година.

Советниците ќе расправаат и по Предлог-одлука за давање согласност за Статутарна измена и дополнување на Статутот на ЈП „Градски паркинг“, како и за Извештаите за работењето на јавните установи на Град Скопје за 2018 година.дма/са/