Во Општина Дебар на 20 април во своите домови ќе гласаат 33 болни и изнемоштени лица.
Претседателката на Општинската изборна комсија, Елмира Бакали, наведе дека до нив биле доставени 37 барања, но критериумите за остварување на правото не ги исполнувале тројца од нив, а едно лице во меѓувреме починало.
На 21 април во оваа општина со претседателските ќе се спроведат и предвремени избори за нов градоначалник, поради смртта на Ружди Љата,кој по кусо и тешко боледување почина во ноември минатата година.
Во трката за нов татко на градот се познатите дебарски доктори Хекуран Дука, уролог и Арбен Аголи, педијатар.
Во оваа општина ќе се гласа на 27 избирачки места, а во единствениот избирачки список запишани се 18.625 лица со право на глас.
Во општина Центар Жупа, во својот дом на 20 април ќе гласа само едно лице.
Во недела во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места, а правото на глас треба да го остварат 6.951 лице.