Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Берово.

Сиљановска Давкова при обраќање пред граѓаните истакна дека 21 април и 5 мај се деновите кога граѓаните ќе ја делегитимираат власта на СДСМ и Заев, бидејќи не водат сметка за правото и правдата.

На 21 април и 5 мај треба изборно да ги делегетимираме тоа ќе значи дека нема да грабнат уште една важна функција претседателската во своите раце, оти тие се би грабнале за да останат на влас, се борат на живот и смрт, зошто знаат дека правото и правдата ќе ги стигнат и нив, ама заборавија дека тие не водеа сметка за правото и правдата тие беа обземени од политички реваншизам, делеа селективна правда. Не ние нема да бидеме како нив, ние ќе бидеме поинакви, правото и правдата ќе важат за сите, ама најпрво ќе ги испробаме на нив, вели Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова нагласи дека со оваа власт граѓаните на Република Македонија се соочуваат со лоша економија, односно како што рече таа додека владеат корупцијата и криминалот, на смета на тоа расата трошоците на живот но не и платите и пензиите на граѓаните.

Сиљановска посочи дека нејзините залагања се Европската Унија и НАТО но, за влез во ЕУ се потребни вистински и суштински реформи а не ова што го прави СДСМ и Заев, додавајќи дека проблемите на граѓаните се и нејзини проблеми и дека токму таа ќе ги реши и конечно граѓаните ќе излезат од ова политичко мочуриште.

Вашите проблеми се наши проблеми ние постојано размислуваме како заедно да излеземе од ова политички мочуриште. Но, мислам дека времето е пред нас и дека набрзо во најубавиот месец мај ние ќе тргнеме со поинакви чекори, побрзи европски во решавање на граѓанските проблеми од секаков вид зошто не се патува во Брисел и ЕУ, туку Брисел се препознава овде, кажа Сиљановска Давкова.