На претпоследната телевизиска дебата на кандидатите за Претседател, кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река вели тој е за официјализирање на албанскиот јазик, како втор службен јазик во земјава.
-Меѓу мене и другите двајца кандидати постојат дијаметрално различни ставови во однос на ова прашање. Јас тука поаѓам од концетот на родени права. Ние Албанците кои сме родени тука имаме такво право, а со сегашното решение сме деградирани во Уставот со статистика од 20 отсто, рече Река.
*Платено политичко рекламирање