Различни ставови во однос на Законот за јазиците изразија тројцата учесници во претседателската трка во четвртата ТВ дебата, која се емитуваше на Алсат, но сепак сите тројца на став дека гласачите не ги делат по етничка основа и дека во својата кампања се обраќаат до сите граѓани, а не до одредени етникуми.

Силјановска нагласи дека доколку таа биде претседател ќе ги почитува Уставот и законите, бидејќи таа е легалист. Додаде законски одредби може да се оспоруваат или поништуваат само од Уставниот суд. Силјановска додаде и дека ваквиот закон е лошо што е донесен без консензус и истиот е во контрадикторност Уставот и Охридскиот рамковен договор.

Силјановска додаде и дека смета на гласовите на Албанците.

- Не постои собир на кој не сум се обратила покрај до македонците и до албанците и сите останати етнички заедници. Секако дека сметам на гласовите на Албанците, не на договорените гласови помеѓу партиите туку на Албанците како граѓани како на оваа земја. Се разбира, јас нема да бидам претседател само на Македонците туку на сите граѓани, истакна Силјановска.