Кандидатот за претседател профеосорот Блерим Река во телевизиската дебата на АЛ-САТ истакна дека во неговата кампања не се обраќа само до албанските гласачи и дека очекува поддршка од сите граѓани кои имаат право на глас без разлика на која етничка заедница и припаѓаат.

-Не држи тезата дека јас ги барам гласовите само на Албанците. Јас сум единствен кандидат за претседател кој на двата јазика води кампања. Со Македонците комуницирам на македонски, со Албанците на албански, рече Река.

Река додаде и дека во изминатите денови од кога е започната кампања го покажал тоа и на дело не само зборови, посетувајќи општини во кои живее доминантно македонско население.

- Во текот на мојата кампања бев во Велес, Битола, Прилеп, Охрид... Тоа докажува дека јас се трудев да им го доближам мојот концепт и на етничките македонци, додаде Река.

*Платено политичко рекламирање