На претседателската дебата на Телевизија Ал-Сат кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова во однос на темата за правичната застапеност на етничките заедници истакна дека токму застапеноста на етничките заедници се погрижила да ја примени уште во нејзиниот кабинет и додаде дека во овој контекст не сака да гледа исклучиво на етничка припадност, туку и на други квалификации, пред се стручност и компетентност.
-Правичната и соодветна застапеност е темелна вредност на уставниот поредок, но во Македонија не постои закон за правична застапеност и не можете во пракса да применувате темелна вредност во уставниот поредок. Јас како професор откога ќе станам претседател катедрата ќе ја оставам на човек кој доаѓа од друга етничка заедница, истакна Силјановска.
Според неа правична застапеност не смее да се однесува само на етничкиот критериум, рече тоа е забрането во САД, туку треба да се вклучат и останатите видови на категории граѓани кои се по некој основ различни од другите.
-Држете ме за бесата во мојот кабинет ќе има најпрво место за жени Албанки и Македонки, но секако стручни и компетентни, нагласи Силјановска.
*Платено политичко рекламирање