Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ И ДУИ Ствено Пендаровски на телевизиската дебата на Ал-Сат нагласи дека тој не ги користи Албанците само како гласачи и истакна дека Река не е единствен кој води двојазична кампања. И тој има две страници една на македонски, а една на албански.
- Отсекогаш сум се залагал за унапредување на правата на Албанците во земјава, поаѓајќи од конфликтот во 2001 година кога го поддржував мирното решавање на кризата, како тогашен советник на поранешниот претседател Борис Трајковски, а и во 2004 година се залагаб за децентрализација и пренос на надлежности од центрано на локално ниво, истакна Пендаровски.