Кандидатите за претседатели, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска - Давкова и Блерим Река во телевизиската дебата на Телевизија Ал-сат овореа и за правичната застапеност на етничките заедници во институците.
Професорот Блерим Река нагласи дека во претседателската трка влегува токму заради таа правична застапеност, односно да се избегне државен моноетнизам и додаде дека со тоа ќе придонесе за меѓуетничко балансирање.
-На сите три функции до 2016 година, на чело на Собранието, Парламентот и институцијата Претседател беа Македонци. Наместо за партиско и моноетничко едноумие претседателот треба да биде за демократијата во Македонија, рече Река.
*Платено политичко рекламирање