Кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова во телевизиската дебата помеѓу тројцата кандидати за претседател, го обвини нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски дека во 1997 година како дел од полициските структури учествувал во акциите кои беа спроведени против Албанците во Тетово и Гостивар.
- Во 1997 година јас остро реагирав на акциите во Тетово и Гоствар каде што беа повредени Албанците, а мојот против кандидат речиси беше во тимот, покрај господинот Диме Ѓурев во организација на настаните, одговори Силјановска.
Пендаровски ги демантираше овие тврдења на Силјановска истакнувајќи дека токму Руфи Османи дал јавна поддршка за неговата политичка кандидатура, човек кој заедно со сега веќе починатиот Алајдин Демири беа апсени во немилите настани кои се случија во Тетово и Гостивар.