Кандидатот за претседател на Македонија, професорот Блерим Река на телевизиската дебата на Ал-сат Телевизија упати три прашања до неговиот противкандидат Стево Пендаровски во однос на поддршката која ја добива од ДУИ во компарација со неговите обвинувања дека Силјановска е поддржана од партија која 11 години спроведувала режим.

- Јас имам три конкретни прашања до мојот противкандидат Пендаровски. Дали сте среќни што добивате поддршка од ДУИ кои 11 години беа дел од Владата на Груевски и го поддржуваа Груевски а за кој вие велите дека бил период на режим. Второ, како го толкувате фактот, Имер Селмани кој беше потпретседател на Груевски и кој сеуште е добар пријател со Груевски ви даде поддршка на вашата конвенција и трето премиерот Заев го пофали Мендух Тачи дека добро ја води кампањата за вас а токму Мендух Тачи беше осуден за изборни нерегуларности со братучедот на Груевски. Оттука ве прашувам дали вие го поддржувате режимот или сте против овие партии кои изминативе 11 години беа дел од режимот, праша Река.

Стево Пендаровски не даде конкретен одговор на прашањата туку истакна дека Имер Селмани бил само на конвенцијата како гостин и обвини дека согласно предметите „Титаник 1“ и „Титаник 2“ изборните нерегуларности ги правел само Груевски и неговиот братучед а дека Али Ахмети во тоа не бил вмешан, на што реплицираше Силјановска и го потсети дека во „Титаник 3“ е осуден Мендух Тачи, судски предмет кој намерно не го спомнал Пендаровски.

*Платено политичко рекламирање