Тројцата кандидати за претседател на Македонија на телевизиската дебата појаснија како тие како иден претседател ќе го користат правото на аболиција, а во контекст на најавите дека Ѓорге Иванов има намера последните денови од мандатот да ги искористи за помилување на осудените за 27 април.
-Нема да амнестирам без основа и криминалци, рече Река и нагласи дека тоа право ќе го користи многу внимателни и по детална анализа со експерти.
Силјановска вели дека станува збор за реликт од некогашниот апсолутни монархии, кога последната милост се молела од кралот или кралицата и во сегашен контекст ја нарече квазисудска функција.
-Претседателите треба ретко и многу внимателно да посегнуваат по овој инструмент, затоа што тоа е нарушување на независноста на судството, особено кога се има екслузивно право за помилување, не преку Министерството за правда, рече таа.
Пендаровски истакна дека тој од претседателката функција никогаш нема да дејствува како партиски послушник и додаде дека доколку Министерството за правда не поведе постапка за помилување, тоа сам претседателот не може да го направи.
-Мојот став за помилување на лицата осудени за 27 април е јасен. Помилување може да добијат само оние кои не употребиле насилство, не носеле оружје и не биле организатори.