Професорот Блерим Река, кандидат за претседател во предизборната дебата на Телевизија Ал-сат во пресрет на изборите во недела истакна дека и премиерот и вицепремиерот сега ги потврдуваат неговите ставови дека не сме подготвени да добиеме датум за преговори со Европската Унија.
- Кога реков пред неколку месеци дека нема да добиеме датум за преговори во јуни, цела влада велеше ќе има датум. Сега и вицепремиерот Османи и премиерот Заев ретерираат, рече кандидатот за претседател Блерим Река
Река додаде и дека Македонија има институционален и административен дефицит да ги исполни техничките критериуми кои го бара Европската Унија од нас.
-Ние немаме институционален и административен капацитет како што рече и министерот за информатичко општество и администрација, Манчевски да испорачаме клучни критериуми за ЕУ зошто во последната година не сме ангажирале високи експерти и затоа ќе биде тешко да добиеме датум, додаде Река.
На крајот, Река потенцираше дека Владата во овој состав нема капацитет да ги спроведе реформите кои ќе не приближат до Европската Унија.
-Никогаш не сум рекол не сакам да добиеме датум туку дека не сме подготвени како Влада да ги испорачаме барањата на евроспкиот совет од минатата година, дополни Река.
*Платено политичко рекламирање