Кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова на својот Твитер профил објави дека го посетила изборниот штаб на нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски.

Таа иронично додаде и дека не успеала да се види со директорот на зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски - Чомбе, кој е задолжен за градскиот изборен штаб на Пендаровски а кој во Фејсбук коментар напиша дека „Силјановска треба да оди во Бардовци”.

- По вчерашнато кафе со Река, денес решив да го посетам и штабот на Стево. Ѓорѓи Галетановски - Чомбе не ме пречека, ама со присутните заклучивме дека сите очекуваме фер изборен процес и избори без нерегуларности, стои во Твитот на Силјановска.

*Платено политичко рекламирање